Haydar Karaalp
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
БАГДАД
Резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал Казими била нападната од вооружено беспилотно летало, а Казими се извлекол неповреден, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Мрежата „Мејда“ за безбедност на ирачката Влада се наведува дека куќата на Казими во зелената зона во Багдад била нападната од „вооружен дрон“ и дека премиерот го преживеал нападот без повреди и се наоѓа добра здравствена состојба.
Во соопштението се вели дека безбедносните сили во регионот продолжуваат да преземаат мерки на претпазливост.
Ирачкиот премиер на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави: „Добро сум, се наоѓам покрај моето семејство. Ги повикувам сите да останат смирени и да останат ладни.“
– Водачите на шиитската милиција се закануваа
Коалицијата Фатах блиска со Иран и поддржувачите на шиитското движење „Хашд ал-Шааби“ (Сили на народната мобилизација) продолжуваат со седечките протести пред зелената зона, во знак на протест поради резултатите од изборите што се одржаа на 10 октомври. Во судирот меѓу демонстрантите и безбедносните сили во петокот од истрелите на безбедносните сили животот го загуби еден демонстрант. По овој настан дошло до зголемување на тензиите, а на местото на протестите пристигнал Каис ал-Хазали, лидерот на шиитската милиција Движење за народни права Асаиб, кој употребил изрази со закани кон Казими. Хазали и вчера употребил заканувачки изрази кон Казими во своето обраќање во шаторот поставен за изразување сочувство кон починатиот активист.
Покрај Хазали, и Хади Амири, лидерот на коалицијата Фатах, и Абу Ала ал-Велаји од шиитската милиција, исто така, упатија остри критики кон Казими и Владата.