Abderrazak Boulkemh,Çağrı Koşak
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
АЛЖИР
Алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун соопшти дека Франција ги извршила „најгрозните злосторства во историјата на човештвото“ за време на колонијалниот период во Алжир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Тебун објави писмено соопштение по повод 67-годишнината од борбата за независност, која започна на 1 ноември 1954 година, наречена Револуција за независност.
„Бранењето на правдата е посилна од колонијалната армија“, рече Тебун, додавајќи дека алжирскиот народ е „одлучно посветен на својата слобода“.
Наведувајќи дека „огнот на револуцијата бил запален со верба“ Тебун во писменото соопштение додава: „Француската колонија ги изврши најгрозоморните злосторства во историјата на човештвото со спроведување терор преку масакри и мачења, и употреба на вооружена сила“
- Злосторства од периодот на францускиот колонијализам во Алжир
Алжир својата борба за независност ја започна во 1954 година. Алжир е најактуелниот и најкрвавиот пример од колонијалната историја на Франција на африканскиот континент.
Исто така е прифатен како една од земјите што ја платија највисоката цена со својата 8-годишна борба за независност. Во историјата како „црна дамка“ останаа запишани големите страдања што Франција ги остави по повлекувањето од Африка.
За време на нехуманата војна која траеше со години, околу 1,5 милиони Алжирци ги загубија животите, а милиони цивили беа раселени.