Yosra Ouanes,Ali Semerci
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ТУНИС
Претседателот на Тунис, Кајс Саид, критикуваше одредени политичари чии идентитети не ги откри, нагласувајќи дека тие реториката на криза ја претвораат во алатка за управување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На профилот на социјалните мрежи на Претседателството на Тунис е објавена видео-снимка со изјавите на Саид за време на церемонијата на која на министерот за внатрешни работи Хишам ел-Мешиши му го предаде мандатот за формирање на владата.
Саид се осврна на политичката криза која се случи во последниот период во земјата.
„За некои луѓе, реториката на криза се претвори во алатка за управување“, рече Саид.
Тој говореше и за тешкотиите на оваа задача која ја имаат, и додаде: „Ќе толерираме и ќе работиме со цел да ја реализираме волјата на народот“.
Според него, заштитата на внатрешниот мир и почитувањето на правдата ги опиша како свети.
„Секој кој мисли дека преку илегално дејствување ќе ја подели земјата и ќе ја стави во конфликт, тој само сонува“, нагласи тој.
Саид се осврна и на дискусиите за корупција во земјата, истакнувајќи дека нема да биде толериран никој кој ги има за цел парите на народот на Тунис.
Премиерот на Тунис, Илјас ел-Фахфах, поднесе оставка поради тврдењата за корупција и конфликт на интереси.
Претседателот Саид синоќа мандатот за формирање на владата му го предаде на министерот за внатрешни работи, Хишам ел-Мешиши.