Bahtiyar Abdukerimov
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ТАШКЕНТ (АА) - Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијојев, испрати телеграма со сочувство до претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод синоќешниот терористички напад во Њујорк, каде што според најновите информации, загинаа најмалку осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Мирзијојев изрази подготвеност и да обезбеди поддршка во истрагата којашто е во тек, со оглед на тоа што американските медиуми објавија дека нападот го извршил 29-годишниот Сајфула Саипов, кој во 2010 година од Узбекистан дошол до САД.
Претседателот на Узбекистан изрази жалење поради смртта на недолжните цивили, и истакна дека тероризмот и екстремизмот не може да бидат толерирани.
„Узбекистан е подготвен да направи сѐ што е во негова моќ за да обезбеди поддршка за истрагата во врска со овој терористички напад. Се солидаризираме со граѓаните на САД“, изјави претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијојев.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, претходно изјави дека инцидентот во Њујорк се третира како терористички чин.