Ayhan Şimşek
13 Септември 2024•Ажурирај: 18 Септември 2024
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција приведе осомничен што планирал да изврши напад со нож врз војници, соопштија денес германските власти, јавува Анадолу.
Се верува дека 27-годишниот Сириец планирал да нападне група германски војници за време на нивната пауза за ручек во југоисточниот град Хоф, соопштија обвинителите.
Според јавното обвинителство во Минхен, осомничениот сакал да изврши сензационален напад „за да создаде чувство на несигурност кај населението“ во Германија.
Баварските обвинители потврдија дека осомничениот бил верски екстремист, но не дадоа никакви детали за негова можна поврзаност со некоја терористичка организација.
Минатиот месец терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападот со нож во Солинген, во кој беа убиени три лица, а осум беа повредени.