?kipa
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Принцот Филип, војводата од Единбург, е примен во болница поради инфекција и не присуствува на денешниот говор на кралицата Елизабета II во британскиот Парламент, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Бакингемската палата соопштија дека сопругот на британската кралица бил задржан во болница превентивно, но е во добра состојба.
Принцот Филип, кој има 96 години, неодамна најави дека отстапува од кралските должности оваа есен.
Војводата од Единбург во минатото имал срцеви проблеми, но беше прилично активен во јавниот живот.
Кралицата Елизабета II денес ќе одржи говор во парламентот, во којшто треба да ја изложи програмата на новата Влада на Велика Британија.