Recep Şakar
06 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
МЕЛБУРН (АА) - На дното на Коралното Море се пронајдени остатоци од американскиот воен брод „USS - Lexington“, кој во Втората светска војна го потопија јапонските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Австралиската телевизија Еј-би-си (ABC) објави дека остатоците од американскиот брод се пронајдени на околу 800 километри од брегот на Австралија во Квинсленд и на морска длабочина од три километри.
Станува збор за носач на авиони „USS - Lexington“, кој Јапонската морнарица го потопи во Коралното Море на 8 мај 1942 година
Тимот, кој дојде до потонатиот брод на дното на Коралното Море, е финансиран од коосновачот на „Microsoft“, Пол Ален.
„Должиме благодарност на сите луѓе, кои храбро, посветено и истрајно ѝ служеа на нашата земја“, изјави за Еј-би-си, американскиот милијардер Ален.
Особено задоволство за пронаоѓањето на потонатиот брод, изрази командантот на Американската морнарица на Пацификот, адмирал Хари Харис, чиј татко Хари Бинклеј Харис, беше еден од преживеаните од американските војници од потонатиот брод „USS - Lexington“.
САД со цел да го спречат напредокот на Јапонија во Втората светска војна во Пацификот, го испратија бродот „USS - Lexington“. Станува збор за носач на авиони, кој јапонските сили го потопија со артилериски напад, а на потонатиот брод се наоѓале 216 членови на американскиот екипаж и 35 воени авиони на САД.