ИСТАНБУЛ (АА) - Со маршеви во Шпанија, Португалија, Грција, Германија, Италија, Франција и Холандија вчера се протестираше против нападите на Израел врз Газа, јавува Анадолу.
Илјадници луѓе маршираа во Мадрид за поддршка на Палестина.
Тие се собраа во центарот на Мадрид на повик на невладини организации и учествуваа на демонстрациите организирани под насловот „Го осудуваме геноцидот и ционистичкиот масакр во Газа“.
Илјадници луѓе со палестински знамиња го критикуваа Израел и неговите соработници - САД и Европската Унија.
Носејќи транспаренти на кои пишуваше: „Ова не е војна, туку геноцид“, „Слободна Палестина“, „Не во мое име“ и „Убиец Израел“, демонстрантите ја упатија пораката: „Не за геноцидот во Газа, окупацијата во Палестина, апартхејдот, етничкото чистење и доселеничкиот колонијализам“.
Демонстрантите побараа шпанската Влада и меѓународната заедница да преземат „итни, конкретни и ефективни мерки против Израел, да се запре трговијата со оружје со Израел и да се бојкотираат израелските компании вклучени во масакрот“.
- Студентите на Универзитетот во Лисабон организираа демонстрации за поддршка на Палестина -
Во португалската престолнина Лисабон, пропалестинските студенти во кампусот на Универзитетот во Лисабон се собраа за да ја изразат својата солидарност со Газа.
- Стотици протестираа во Атина против израелските напади врз Газа -
Стотици се собраа и во Атина за да ја изразат својата солидарност со Палестинците и да ги осудат немилосрдните израелски напади врз Газа, во кои загинаа речиси 35.000 цивили, од кој повеќето жени и деца.
Групата, која се состоеше претежно од левичарски студенти, активисти и претставници на синдикатите, како и Палестинци кои живеат во Атина, носеа палестински знамиња и транспаренти и побараа прекин на израелските напади врз Газа и формирање независна палестинска држава.
Собирот помина мирно и заврши без никакви инциденти.
- Протести за поддршка на Газа во Холандија -
Во Амстердам, приближно 15.000 луѓе се собраа и протестираа против Накба (Големата катастрофа) и нападите на Израел врз Газа.
Демонстрациите беа организирани од пропалестински организации на плоштадот Дам.
Говорниците го критикуваа полициското насилство врз протестите кои започнаа на 6 мај на Универзитетот во Амстердам. Тие рекоа дека слободата на изразување и правото на протест не може да се спречат.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Угнетувањето нема да трае вечно, Израел ќе биде поразен“, „Палестина ќе биде ослободена од реката до морето“, „Прекин на огнот сега“, „Стоп за геноцидот“ и „Геноцид се случува во Палестина“.
На демонстрациите, на кои имаше се вееја и палестински знамиња, се извикуваше: „Слободна Палестина“, „Срам да ти е Руте, рацете ти се крвави“ и „Израел бомбардира, Холандија плаќа“.
- Демонстрации за Палестина во Берлин -
Речиси 3.000 луѓе во Берлин протестираа против израелските напади врз Газа и германското снабдување на Израел со оружје собирајќи се на Ораниенплац во Кројцберг и маршираа кон Херманплац.
Демонстрантите бараа прекин на геноцидот во Газа, извикувајќи слогани како „Израел е терористичка држава“, „Германија финансира, Израел бомбардира“, „Слобода за Палестина“ и „Да живее Палестина“.
Во говорите беше истакнато дека Германија е соучесник во воените злосторства со тоа што му доставува оружје на Израел.
- Илјадници на протести во Италија -
Илјадници поддржувачи на Палестина маршираа во Италија, во градовите Рим, Милано и Торино, барајќи да се стави крај на геноцидот врз Палестинците.
Околу 4.000 луѓе се собраа на плоштадот Виторио Емануеле во Рим, изразувајќи солидарност преку слоганите со кои се осудува Израел и се залага за слобода на Палестина, означувајќи го Израел како убиец и терорист.
Некои демонстранти протестираа и против премиерката Џорџа Мелони и десничарската коалициска влада, обвинувајќи ја за поддршка на Израел.
- Илјадници протестираа против Израел во Париз -
Илјадници луѓе се собраа на Плоштадот на Републиката во Париз за да ја поддржат Палестина, барајќи прекин на израелските напади и повикувајќи на итен прекин на огнот и укинување на блокадата.
Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа слогани како „Слободна Палестина“, „Стоп за масакрот“ и „Сите ние сме деца на Газа“, залагајќи се за правата на Палестинците и осудувајќи го насилството.