Aida Cako
07 Август 2025•Ажурирај: 07 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Аргентинските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ги растераат пензионерите, здравствените работници, активистите за правата на лицата со попреченост и новинарите за време на протестот пред Националниот конгрес во Буенос Аирес вчера, јавува Анадолу.
Мирните демонстранти ги повикаа пратениците да не го одобрат ветото на зголемувањето на пензиите и побараа да се стави крај на намалувањата на надоместоците за инвалидитет.

Меѓу повредените беше и фотографот на Асошиејтед Прес, Родриго Абд, кој беше погоден во главата од млаз вода и мораше да биде евакуиран.
Инцидентот се случил додека Конгресот дебатирал за финансирање проекти за јавни универзитети и болницата „Гарахан“.