Elena Teslova
22 Мај 2025•Ажурирај: 23 Мај 2025
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес соопшти дека наредил создавање безбедносна тампон-зона покрај границата на Русија со Украина, јавува Анадолу.
„Донесена е одлука за воспоставување неопходна безбедносна тампон-зона по должината на нашите граници. Нашите воени единици моментално работат на оваа задача“, рече тој на владиниот состанок во Москва.
Путин ги нарече методите на украинските трупи и странските платеници против Русија „терористички“.
„Обично, непријателот избира цели кои немаат воено значење – цивилни објекти, станбени згради и цивили. Неодамнешните инциденти се доказ за моите тврдења - за време на нападите со беспилотни летала и саботажните мисии, цивилните возила, вклучително и амбулантните возила и земјоделска опрема, се нишанети намерно“, рече тој.