Emre Gürkan Abay
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин, рече дека инфлацијата во западните земји забрзано се зголемува поради санкциите, дека и Русија е негативно погодена, но дека сегашната ситуација отвора и нови можности, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Путин на средбата со владини претставници даде оценки за економските случувања во земјата.
Наведувајќи дека западните земји со санкциите си прават штета себеси, Путин рече: „Одбивањето на некои западни земји да соработуваат, вклучително и за руските енергетски извори, погоди милиони Европејци, предизвика енергетска криза. Тоа влијаеше и на САД. Цените растат насекаде, инфлацијата вртоглаво расте, оваа ситуација е преседан за овие земји.“
Путин посочи и дека Русија е, исто така, негативно погодена од санкциите, и додаде: „Русија, исто така доживува проблеми, но сегашната ситуација отвора и нови можности.“