Dmitri Chirciu
01 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
МОСКВА
Русија, САД и Франција ги повикаа Азербејџан и Ерменија да започнат преговарачки процес за решавање на прашањето за Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од палатата „Кремљ“, рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон дадоа заедничка изјава за ситуацијата во Нагорно Карабах.
„Путин, Трамп и Макрон, кои ги претставуваат земјите од групата Минск на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа), цврсто ја осудуваат ескалацијата на насилството во линијата на фронтот во регионот Нагорно Карабах“, се истакнува во соопштението.
Во изјавата во која се изразува сочувство до семејствата на починатите, се додава:
„Ги повикуваме страните итно да ги запрат конфликтите. Ја повикуваме ерменската и азербејџанската администрација да преземат одговорност за продолжување на преговорите за решавање на ситуацијата без никакви услови, со поддршка на копретседавачите на групата Минск на ОБСЕ.“
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега нема резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.