Ekipa
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
БАГДАД (АА) - Бројот на загинати во експлозијата на автомобил-бомба којашто се случи во трговскиот дел на Багдад, во којшто живее претежно шиитско население порасна на 29, соопштија ирачки официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјални лица наведуваат дека автомобилот натоварен со експлозив во средата наутро е донесен на преполниот отворен пазар во Садр Сити, населба во источниот дел на Багдад, и дека во експлозијата се повредени над 50 лица, а многумина се здобиле со тешки телесни повреди, па се стравува дека бројот на мртви би можел да се зголеми.
Одговорнота за нападот ја презеде терористичката организација ДАЕШ, која контролира значаен дел од територијата во северниот и западниот дел на Ирак, вклучувајќи го и по големина вториот ирачки град Мосул.
Во нивното соопштение се наведува дека нападот го изведе бомбаш самоубиец, но ирачките официјални лица тоа го негираа.