Mahmut Geldi
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
ЕРУСАЛИМ (AA) – Палестинскиот аналитичар и набљудувач, по завршувањето на владиниот состанок на Голанската висорамнина одржан по повод годишнината од составот на израелската влада, вчера за прв пат изјави дека Израел искористувајки ја сириската криза има лична претензија за присвојување на окупираниот регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Арапскиот пратеник во израелскиот Кнесет, Месуд Ганаим, во изјавата дадена за известувачот на АА, се произнесе дека целта на владиниот состанок на окупираната Голанска Висорамнина претставува пренeсување на пораката до меѓународните страни во Женева, каде во тек се мировните преговори за Сирија, која гласи „Какви и да бидат политичките услови, Голанската Висорамнина нема да му биде вратена на Дамаск”.
Според Ганаим, израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху е во одбрана на внатрешните калкулации.
„Нетанјаху со ова се обидува да му докаже на народот дека тој е единствената личност задолжена за безбедноста на Израел. Дадените изјави, за прв пат од страна на израелски официјални лица, во кои се истакнува дека Голанската Висорамнина е составен дел од израелската земја, предизвикуваат опасност”.
Ганаим смета дека Нетанјаху е во потрага по нови победи во овој тежок период низ кој поминува Арапскиот свет а особено Сирија, кој користејки сила се обидува да обезбеди израелски суверинитет врз Голанската Висорамнина.
Писателот а воедно и декан на Универзитетот „Ел-Умме” во Газа, Аднан Ебу Амир, истакна дека со владиниот состанок на Голанската Висорамнина се пренесува директна порака до САД, Русија и останатата меѓународна заедница дека без разлика на новонастанатата ситуација и услови, Голанската Висорамнина ќе остане под израелска контрола.
Според Ебу Амир, во состојба на разнишаност на Арапскиот свет, за Израел не е далечна поддршката од меѓународната заедница и токму затоа Израел сака да го извести светот дека е дојдено времето за прифаќење на ситуацијата на Голанската Висорамнина.
„Без оглед дали режимот на Башар ал-Асад ќе опстои или не, што и да се случи, Голанската Висорамнина е моја”, е убедувањето на Израел според Ебу Амир, кој, исто така истакна дека Израел на некој начин си честита себеси за преземениот чекор од страна на меѓународната заедница.
Нетанјаху на вчерашниот владин состанок по повод годишнината од оснивањето на израелската Влада изјави дека е дојденo времето меѓународната заедница да го признае суверинитетот на Израел врз Голанската Висорамнина, додавајќи дека „Израел засекогаш ќе ја има Голанската Висорамнина во свои раце”.
Голанската Висорамнина, по завршувањето на шестдневната Арапско-Израелска војна во јуни 1967 година потпадна под израелска окупација. Израел, во 1981 година присвоените Голански територии еднострано ги прогласи како суверени, и покрај меѓународните одлуки.