Ahmet Dursun
15 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, истакнa дека американскиот претседател, Доналд Трамп, со политиката на максимален притисок врз Иран беше неуспешен, и дека Вашингтон треба својата политика на санкции да ја стави во историски музеј, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писмената изјава на иранското Претседателство, Рохани на состанокот на Одборот за економска координација, одржан во главниот град Техеран, се осврнал на едностраните санкции на САД кон неговата земја.
Наведувајќи дека санкциите ја погодија иранската економија, Рохани рече дека сепак економијата на земјата успеала да преживее.
„Оние што воведуваат санкции и се приврзаници на војната и што предвидуваа дека иранската економија ќе пропадне за кратко време ја напуштаат Белата куќа, додека иранската нација на крајот на непропорционалната економска војна стана посилна од кога и да е“, нагласи Рохани.
Тој, осврнувајќи се на американскиот претседател Трамп, кој за време на неговиот мандат имаше строг став кон Иран, рече:
„Трамп не ги сфати иранските можности и реалноста и постапи според своите соништа. Неговиот неуспех со Иран, по две и пол години економска војна, и неуспехот во меѓународната политика се причините за неговиот изборен пораз.“
„Ги советувам оние што сакаат да го поразат Иран со обиди како што се санкциите, да се откажат од овој погрешен и неуспешен пристап и да го стават во историски музеј“, додаде Рохани.