Betül Yürük
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
ЊУЈОРК (AA) - Русија вложи вето на нацрт резолуцијата кој предвидува воспоставување на механизам на ОН за истрага утврдување на одговорноста за употреба на хемиско оружје во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) му е испратен нацртот на резолуцијата за покренување на независна и транспарентна истрага за користење хемиско оружје во местото Дума, недалеку од Источна Гута која е под блокада на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но нацртот на резолуцијата не е прифатен бидејќи Русија вложи вето.
Против нацртот на резолуцијата, во 15-члениот Совет за безбедност на ОН, меѓу постојаните членки беше Русија, додека Кина беше воздржана. Против резолуцијата исто така беше и привремената членка Боливија.
За усвојување на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН е неопходна поддршка на девет од вкупно 15 членки на Советот, со тоа што ниту една од постојаните членки, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција да не вложат вето.
Русија од почетокот на граѓанската војна во Сирија по 12 пат вложи вето на резолуција за оваа земја.
Нацртот на резолуцијата предвидуваше воспоставување на механизам на ОН за истрага и одредување на одговорноста за употреба на хемиско оружје во Сирија.
Амбасадорот на Русија во ОН Василиј Небензиа пред самиот почеток на гласање, изнесе тврдење дека механизмот кој го предлагаат САД нема да биде независен, и нацртот го нарече „анархија и манипулација".