Emre Gürkan Abay
06 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за финансии на Русија соопшти дека во април во рускиот буџет од извозот на нафта и гас биле слеани 133 милијарди рубли помалку од очекуваното, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за финансии се наведува дека се очекува дополнителните приходи од извозот на нафта и гас во мај да достигнат 414 милијарди рубли (околу 6,3 милијарди долари).
Се додава дека во април во рускиот буџет од извозот на нафта и гас се слеале 133 милијарди рубли (околу 2 милијарди долари) помалку отколку што било очекувано.
Како што се наведува во соопштението, се очекува дека вкупниот дополнителен приход во април и мај ќе биде 281 милијарда рубли.
Потсетувајќи дека руската Влада оваа година извршила одредени измени во правилата на државниот буџет, истакнато е дека продажбата на девизи и злато нема да се врши од дополнителни буџетски приходи.