Burç Eruygur
31 Октомври 2022•Ажурирај: 01 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Русија од вторник ќе ги ограничи летовите со беспилотни летала над енергетските капацитети, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Министерството за енергетика на Руската Федерација доби задача да направи план за зоната на забранети летови над клучните капацитети за гориво и енергија“, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на писмо испратено до енергетските компании на 14 октомври.
Во писмото се наведува:
„Оваа мерка има за цел да ги ограничи активностите на неовластени лица во воздушниот простор над значајни објекти за гориво и енергија. Активирањето на процесот на воспоставување зона на забранети летови сега се чини дека е клучна мерка насочена кон обезбедување енергетска безбедност.
Заменик-претседателот на Надзорниот одбор на Здружението на доверливи партнери Дмитриј Гушев изјави дека создавањето зона на забранети летови над енергетските капацитети е релевантно по почетокот на руската воена операција во Украина, бидејќи домашните магацини за нафта и рафинерии во пограничните зони би можеле да бидат нападнати од воздух.
Руските власти ја обвинуваат Украина за извршување воздушни напади на руска територија, особено на регионите што граничат со Украина, како што се Белгород, Ростов и Брајанск.