Elena Teslova
24 Мај 2024•Ажурирај: 25 Мај 2024
МОСКВА (АА) - Шефот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортников, денес ја обвини Украина за директна вмешаност во терористичкиот напад на 22 април во концертната сала Крокус во Московската област, јавува Анадолу.
„Истрагата е во тек, но веќе може слободно да се каже дека военото разузнавање на Украина е директно вклучено во овој напад“, рече Бортников на состанокот на шефовите на безбедносните агенции и специјалните служби на Заедницата на независни држави.
Бортников истакна дека сите околности од злосторството ќе бидат утврдени и сите виновници ќе бидат казнети.
На 22 март, вооружени лица влегоа во концертната сала Крокус во Красногорск, во Московската област, и по случаен избор пукаа кон невини луѓе, убивајќи најмалку 144, а повредувајќи повеќе од 382. Русија обвини четири лица за нивна директна вмешаност во нападот.
Според истражителите, по извршувањето на злосторството, осомничените се упатиле кон Украина, каде што се надевале дека ќе најдат засолниште и ќе ја избегнат правдата.