Ali Cura
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, потврди дека руски авиони вчера го бомбардирале сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Конашенков ги информираше новинарите во врска со бомбардирањето што руските авиони го извршија во подрачјето на Идлиб.
Конашенков информираше дека руски авиони вчера ги бомбардирале позициите на фронтот Ал Нусра. „Два повеќефункционални ловци-бомбардери Су-34 ги уништија местата каде што се изработуваат беспилотните летала на фронтот Ал Нусра и магацинот во кој беа криени бомбите за овие летала“, рече Конашенков.
Во продолжение Конашенков рече дека подоцна, авиони од типот „Су-35“ го погодиле магацинот кој му припаѓал на системите за противавионска заштита.
Конашенков рече дека истиот ден, четири руски авиони што полетале од воената база „Химејмим“ извршиле бомбардирање на местата од каде се подготвувале напади врз градовите Хама и Алепо и воздухопловната воена база „Химејмим“.
Портпаролот Конашенков истакна дека бомбардирањата се изведени на дисциплиниран начин и надвор од населени места.
Од друга страна, вчера беа објавени информации дека руски воени авиони бомбардирале цивилни населби во подрачјата на Џиср еш-Шугур, Бисенкул, Гани, Инеб, Сирманије, Кефеједин и Џанудије, сместени западно од Идлиб и од Зејзун, северно од Хама.