Elena Teslova
09 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека документите сугерираат дека „во Украина се развиваат компоненти на биооружја“.
Зборувајќи на неделниот брифинг во Москва, Мариа Захарова рече дека Руските вооружени сили добиле докази за развој на компоненти за биолошко оружје од страна на Украина под водство на САД од вработените во биолошките лаборатории во Украина.
Таа нагласи дека таквите активности ја прекршуваат Конвенцијата за биолошко оружје и дека Русија би можела да отвори расправа за тоа прашање.
„Раководството на САД треба да ги објави јавните воени биолошки програми кои беа спроведени во Украина“, побара таа.
„За кратко време, Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави и администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави се обврзани да ја информираат меѓународната заедница и да ги официјализираат тие воено-биолошки програми кои беа спроведени во Украина“, истакнаа таа.
Захарова, исто така, (се) праша што се случило со биолошките материјали, извадени од лабораториите, дали тие биле уништени или не.
„Кој управуваше со Министерството за здравство на Украина долги години? Памтите, нели? Од која земја дојде овој прекрасен доктор? Кој раководеше со украинското Министерство за здравство? Јас се сеќавам многу добро, од американскиот континент.“
Претходно, американската државна потсекретарка за политички прашања, Викторија Нуланд, потврди дека во Украина има објекти за биолошко истражување под водство на САД.
Како што рече, Киев и Вашингтон сега работат на тоа да се спречи материјалите што се акумулират таму, да паднат во рацете на руските сили.