Emre Gürkan Abay
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнa дека се загрижени од намерите на Иран за намалување на обврските кон Договорот за нуклеарната програма, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја разбираме загриженоста на Иран за невидените санкции против него. Русија е за тоа да се заштити Договорот“, изјави Песков.
Дмитриј Песков одговараше на новинарски прашања за најавата на Иран за четвртиот чекор во однос на намалувањето на обврските кон Договорот за нуклеарната програма.
Наведувајќи дека со разбирање го прифаќаат пристапот на Иран кон санкциите, Песков рече: „Ја разбираме загриженоста на Иран за невидените санкции кон него. Врз Иран се наметнуваат незаконски санкции.“
Истакнувајќи дека Русија е за заштита на Договорот за нуклеарната програма, Песков нагласи: „Со загриженост го следиме развојот на настаните за Договорот, бидејќи секако не е добро уништувањето на сеопфатниот план.“
Иранскиот претседател Хасан Рохани, наведувајќи дека европските земји не ги исполниле обврските околу Договорот за нуклеарната програма, најави дека од утре ќе започне четвртиот чекор со вбризгувањето гас во 1.044 центрифуги на иранската нуклеарна постројка „Фордо“.