Alperen Aktaş
19 Јуни 2025•Ажурирај: 19 Јуни 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија и Украина денес извршија размена на затвореници во согласност со договорот постигнат претходно овој месец во Истанбул, според изјавите од двете страни, јавува Анадолу.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека група нивни војници е вратена од територијата контролирана од Украина и дека сега се наоѓаат во Белорусија каде што добиваат медицинска и психолошка поддршка.
„Целиот руски воен персонал ќе биде транспортиран во Руската Федерација на лекување и рехабилитација“, додаде Министерството.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски потврди дека група украински војници што биле заробени во Русија се вратени дома.
„Ова се војници на вооружените сили, Националната гарда, Државната гранична служба. Повеќето од нив се во заробеништво од 2022 година, првата година од војната“, рече тој.
Тој истакна дека ослободените војници ја бранеле Украина во неколку региони, меѓу кои се Доњецк, Запорожје, Луганск, Харков, Суми, Чернигов и главниот град Киев.
„Наша цел е да ги ослободиме сите“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на оние што ја олеснија размената.