Emre Gürkan Abay,Ali Cura
27 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
МОСКВА
Заменик-претседателот на комитетот за одбрана при Долниот дом на руската Дума Андреј Красов истакнувајќи дека сеневистини тврдењата дека Русија испратила борбени авиони во Либија рече „Уште една американска хорор приказна. Лажни и погрешни информации слични на оние што ги пласираше претходната американска администрација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Красов за руската информативна агенција Интерфакс даде изјави во врска со тврдењата на Командата на американските сили во Африка (АФРИКОМ), дека Русија испратила борбени авиони во Либија.
Истакнувајќи дека Русија го поддржува прекинот на насилството во Либија и ги повикува сите страни да започнат преговори, Красов изјави „Информациите дека Русија испраќа борбени авиони во Либија не ја отсликуваат реалната слика. Уште една американска хорор приказна. Лажни и погрешни информации слични на оние што ги пласираше претходната американска администрација“.
АФРИКОМ даде писмено соопштение во кое информира дека Русија на Либија и испратила борбени авиони, додавајќи дека Москва би можела да го затвори воздушниотпростор на либискиот брег.
- Русија го поддржува планот на Салих, поддржувачот на Хафтар
Од друга страна, руското Министерство за надворешни работи објави писмено соопштение во кое се наведува дека министерот Сергеј Лавров имал телефонска средба со Акиле Салих, претседател на Претставничкото собрание со седиште во Тобрук, блиска со силите на Хафтар.
Во соопштението се наведуав дека и двете страни се согласни дека по пат на сила нема да биде разрешена кризата во Либија и истакнаа дека во земјата е потребно што побргу сите политички сили да започнат конструктивен дијалог. Лавров во исто време го поддржал политичкото решение што на 23 април го предложи Акиле Салих.