Burç Eruygur
23 Јануари 2023•Ажурирај: 24 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Русија тврди дека ја презела контролата врз селото Краснополивка, северно од градот Соледар, во областа Доњецк во источна Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека загинале повеќе од 60 украински воени лица и дека „две борбени оклопни возила, три возила, две хаубици МСТА-Б и Д-30, како и противбатериска радарска станица AН/ТПК-50 од американско производство“ се уништени во еден ден.
Руското Министерство за одбрана минатиот петок потврди дека во четвртокот вечерта ја презеле контролата врз украинскиот град Соледар.
Во ексклузивен коментар за РБЦ-Украина, Серхиј Черевати од Источната група на Вооружените сили на Украина ги демантираше овие информации, тврдејќи дека во градот сѐ уште се водат борби.
Соледар се наоѓа во близина на стратешкиот град Бахмут во источна Украина, и е главен транспортен центар преку кој украинските војници се снабдуваат со оружје, воена опрема и муниција.