Emre Gürkan Abay
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Опозицискиот руекси активист и основач на Фондот за борба против корупцијата, Алексеј Навални, ја заврши затворската казна од 20 дена, пренесува Anadolu Agency (AA).
Навални преку социјалните мрежи соопшти дека ќе учествува на митингот кој се очекува да се одржи денес во рускиот град, Астрахан.
Навални, кој е водечко име во протестите против рускиот претседател, Владимир Путин, е опозициски активист, блогер и адвокат. На него му беше изречена затворска казна од 20 дена поради тоа што преку социјалните мрежи го повикувал народот на недозволени демонстрации.
Иако руските власти се против тоа тој да се кандидира за претседател на земјата поради тужбите поднесени против него, Навални соопшти дека ќе се кандидира за претседател на претседателските избори кои ќе се одржат наредната година.