Ali Cura
18 Јули 2019•Ажурирај: 21 Јули 2019
МОСКВА
Директорот на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, изјави дека Русија е подготвена да ѝ го продаде на Турција борбениот авион „Su-35“, јавува Anadolu Agency (AA).
Чемезов одржа прес-конференција на која зборуваше за воено-техничката соработка на Русија и Турција.
На Турција ѝ предложи купување на борбениот авион од руско производство.
„Доколку нашите турски колеги изразат интерес, ние сме подготвени да разговараме за испораката на Su-35“, изјави Чемезов.
„Su-35“ е повеќенаменски борбен ловец на руската компанија „Сухој“.