Burç Eruygur
19 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој на странските државјанки и на лицата без државјанство им забранува да пружаат услуги на сурогат-мајчинство во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За руските државјани кои се во брак, како и за немажените жени, оваа можност останува. Забраната нема да се однесува на случаите во кои руски државјанин е во регистриран брак со странец“, се наведува во соопштението на Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент.
Се додава дека дете родено во Русија од сурогат-мајка која склучила договор за сурогат-мајчинство со потенцијални родители или со самохрана жена, ќе може да стекне руско државјанство при раѓање.
Државната дума претходно објави дека пратениците го усвоиле законот при второ и трето читање.