Ali Cura
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин ја прими и втората доза од вакцината против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во својот говор на состанокот на Руското географско здружение, Путин изрази надеж дека бројот на заразени ќе почне да опаѓа благодарение на активната вакцинација во земјата.
Тој потврди дека ја примил и втората доза на вакцината против коронавирусот.
Путин првата доза од вакцината ја прими на 23 март. Не е објавено која вакцина ја има примено.