Elvir Hocic
28 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Официјална Москва изрази загриженост поради пораката на американскиот Стејт департмент дека нема да верува на гаранциите на сириската влада од Дамаск дека не се подготвува да изврши нов напад со хемиско оружје, за што Вашингтон наводно поседува одредени сознанија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Знаеме, од блиското минато, како режимот на американскиот претседател Џорџ Буш го искористи фалсификувањето на информации за подготовка на напад со оружје за масовно уништување во Ирак како покритие за воена инвазија на таа земја. Сериозно сме загрижени поради оваа ситуација“, порача портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, вчера соопшти дека Пентагон поседува сознанија за подотовките на војската лојална на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за нов хемиски напад, а од Дамаск стигна демант на тие тврдења.
Од друга страна, портпаролот на Стејт департменот, Хедер Науерт, порача дека САД нема да ги откриваат доказите за подготовките за тој напад.
Од Белата куќа исто така е порачано дека режимот на Асад скапо ќе ја плати сметката доколу изврши напад со забранетото хемиско оружје.