Dmitri Chirciu
11 Јуни 2022•Ажурирај: 12 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека е уништен центар во кој биле стационирани странски платеници во областа Харков во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се наведува дека центарот е уништен со високопрецизни проектили од воздух.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, наведе дека руската Војска продолжува со нападите во Украина.
„Уништен е центар во кој се стационирани странски платеници, во близина на населбата Андриивка во областа Харков“, рече Конашенков.
Наведе и дека руските борбени тактички единици нападнале 48 воени подрачја.
„Во овие напади уништени се пет тенкови, осум специјални возила и складиште за муниција во близина на населбата Краснопиље“, изјави Конашенков.
Како што рече, во последните 24 часа собориле и воен авион Миг-29 во Миколајевската Област и Су-25 во подрачјето на Харков.
Конашенков изјави и дека се погодени и 12 дронови.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана соопшти дека запленети се три повеќецевни ракетни фрлачи „Ураган“.