Ekipa
19 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
ЊУЈОРК (АА) - Руски астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) облечени во астронаутски комбинезони во боите на украинското знаме, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руската вселенска агенција (Роскосмос) денес (19 март) објави видео на кое се гледаат руски астронаути облечени во комбинезони во боите на украинското знаме додека нивното вселенско летало се спојува на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Астронаутите облечени во жолто-сини комбинезони беа срдечно пречекани од екипажот на Меѓународната вселенска станица.
Кога астронаутите беа прашани за бојата на нивните комбинезони, тие рекоа дека доброволно ја избрале облеката.
Денис Матвеев, Сергеј Корсаков и Олег Артемјев од Руската вселенска агенција со „Сојуз МС-21“ тргнаа од космодромот „Бајконур“ во Казахстан вчера (18 март).