Handan Kazancı
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Двајца високи офицери на руската армија го посетија турскиот Генералштаб заради соборувањето на рускиот воен авион, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата дадена вчера, турската армија рече дека двајца аташеа, за одбрана и армија на руската амбасада, го посетија Генералштабот во Анкара во вторникот и средата.
„Секое прашање во врска со инцидентот е одговорено“, изјави турската армија додавајќи дека им биле покажани слики од радарските екрани.
„Беше нагласено дека (Турција) е подговтвена да подели било каков вид на информација“.
Според изјавата, Турција не го знаела идентитетот на SU-24 бомбардерот кога е соборен и сторила интензивни напори за спасување на двајцата пилоти.
И руските и сириските воздушни сили поседуваат и управуваат со SU-24.
Во соопштението стои дека Турција ги контактирала руските воени офцијални лица со желба за соработка, се вели во соопштението.
Руското летало, откако навлегло во турскиот воздушен простор и неколкупати било предупередено е соборено од страна на туските ловци F16 откако не одговорило на предупредувањата.