Dmitri Chirciu
01 Април 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
КИЕВ (АА) - Руските трупи го напуштија подрачјето на поранешната нуклеарна централа во Чернобил, соопшти украинската нуклеарна компанија „Енергоатом“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Персоналот на електраната соопшти дека моментално нема „аутсајдери“ на локацијата.
„Утринава окупаторите ги објавија своите намери да ја напуштат нуклеарната централа во Чернобил“, се вели во соопштението на „Енергоатом“.
„Украина ја загуби контролата врз централата во Чернобил по жестоката битка со руските сили“, изјави советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, на 24 февруари, првиот ден од руско-украинската војна.
Нуклеарната централа никогаш не била целосно напуштена и сè уште бара постојано управување. Тоа е местото на она што се смета за најтешката нуклеарна несреќа во светот од 1986 година.