Hakan Çopur
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Хилари Клинтон освои 80 гласови од демократското бирачко тело во финалната предизборна трка во изборната единица Вашингтон, па додатно ја зголеми својата предност во однос на опонентот Берни Сандерс, јавува Anadolu Agency (AA).
Поранешната шефица на американската дипломатија Клинтон, која во трката за претседателски кандидат на Демократската партија неодамна ја поддржа и американскиот претседател Барак Обама, во Вашингтон доби 16 гласови од делегатите, додека актуелниот сентатор Вермонт Сандерс, доби четири гласови.
Паралелно со тоа, Сандерс доцна синоќа се состана со опоненетката Клинтон и го повтори претходно изречениот став дека сè уште нема намера да се повлече од трката за номинација од страна на Демократите, но дека е спремен да стори сè со цел да го спречи републиканскиот кандидат, најверојатно Доналд Трамп, да влезе во Белата куќа.
Иако Клинтон статистички освои доволен број на гласови за номинација од Демократите, Сандерс сè уште официјално не се повлече од трката која ќе биде завршена на партиската конвенција наредниот месец. За номинацијата беше потребно да се соберат 2.383 делегатски гласови, а Клинтон веќе собра 2.784.