Büşra Selvi Öğütcen
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
БОСТОН (АА) - Демократската кандидатка Мишел Ву победи на изборите за градоначалници кои беа одржани во Бостон, во сојузната американска држава Масачусетс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласачите на Бостон за првпат на вчерашните избори избраа жена, но и за првпат кандидат од азиско потекло, објави „Асошиејтед прес“ (Associated Press).
Медиумите во Бостон објавија дека Ву на изборите освоила 61 процент од вкупниот број на гласови.
Во обраќањето по изборите, Ву ги насмеа своите гласачи, велејќи дека во минатото мажите владееле со Бостон, дека би можеле да владеат и во иднина, но не и таа вечер.
Бу (36) на 16 ноември ќе положи заклетва и официјално ќе ја преземе должноста на градоначалничка.
Нејзината противкандидатка на изборите, Аниса Есаиби Џорџ, исто така ѝ честиташе, велејќи дека тоа што Ву успеала да го направи „не е мал подвиг“, мислејќи на тоа дека е прва жена на таа функција и прв победник на изборите со азиско потекло.
Ву е родена 1985 година во Чикаго, сојузната држава Илиноис, во семејство со тајванско потекло. Дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот „Харвард“, мажена е и мајка на два сина.
Едногласно во 2013 година беше избрана за претседателка на Градскиот совет на Бостон, а таа должност ја извршуваше до 2016 година.
Помеѓу ветувањата кои ги даде пред изборите за градоначалник на Бостон, се прашањата околу цените не недвижностите и системот на јавниот превоз.
„Белците“ сочинуваат 44 проценти од населението на Бостон, „црнците“ - 19 проценти, Латиноамериканците 18, додека Азијците, 11 проценти.