Ekipa
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
ИНДИЈАНАПОЛИС (АА) - Во експлозија што се случи во пошта во северозападниот дел на американската сојузна држава Индијана, повредено е едно лице, а Федералното истражно биро (ФБИ) отвори истрага, пренесува Anadolu Agency (AA).
Специјалниот агент на ФБИ, Боб Рамзи потврди дека вработена службеничка во поштата е хоспитализирана по експлозијата што се случи синоќа во градот на Ист Чикаго.
„Треба да утврдиме дали станува збор за домашен или за меѓународен терористички акт, но во овој момент не постои загриженост за јавната безбедност“, се наведува во соопштението на ФБИ.
На местото на инцидентот е пронајдена уште една експлозивна направа, а припадниците на окружниот оддел за експлозиви излегоа на местото на настанот за да ја отстранат.