Servet Günerigök
21 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Федералната управа за воздухопловство (FAA) вчера издаде итна наредба со која на операторите на американските авиокомпании им се забранува лет преку воздушниот простор, кој го контролира Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Потегот дојде неколку часа откако иранската Војска го собори американското беспилотно летало над Хормушкиот Мореуз.
Итната наредба се однесува и на Хормушкиот Мореуз и на Оманскиот Залив, кои во последно време станаа средиште на сè поголемите тензии меѓу Вашингтон и Техеран.
И Иран и Соединетите Американски Држави ја оспоруваат локацијата на која е срушен дронот.
Иран тврди дека беспилотното летало го нарушило неговиот воздушен простор, додека од САД наведуваат дека дронот бил во меѓународниот воздушен простор.
Од Федералната управа за воздухопловство (FAA) изразија загриженост поради воените активности во непосредна близина на рутата на големите цивилни авиони и подготвеноста на Техеран да користи ракети во меѓународниот воздушен простор.
САД го зголемија военото присуство на Блискиот Исток, распоредувајќи ги офанзивните сили, артилериските сили и ракетните системи „Патриот“, користејќи ги заканите од Иран како оправдување за тие потези.