Dildar Baykan
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација соопшти дека ќе додели награда од 1 милион долари за сите лица кои ќе споделат информации со цел апсење на двајца украински државјани за кои е откриено дека извршиле компјутерски криминал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во писмената изјава рече: „Денес, Министерството за надворешни работи соопштува дека ќе додели награда од 1 милион долари за сите тие лица кои ќе споделат информации за апсење на двајцата украински државјани, Артем Вјачеславович Радченко и Олександр Виталјевич Јеременко вклучени во мултинационален организиран криминал.“
Наведувајќи дека компјутерските криминалци не го признаваат владеењето на правото во ниту една земја, Помпео рече: „Ние ја поздравуваме соработката и координацијата на сите влади кои ги доведуваат овие криминалци, раширени низ целиот свет, пред лицето на правдата и ги штитат своите невини граѓани.“
Тој посочи дека американската тајна служба поднела 16 разни обвиненија за измама преку интернет против Радченко и Јеременко, и дека лицата хакирале системи за да украдат илјадници тајни досиеја.