Tolga Akbaba
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
АНКАРА (АА) - Утре започнува имплементацијата на првиот дел од двоетапното ембарго кое САД му го наметнаа на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на ембаргото, на Иран ќе му биде оневозможена трговија во американски долари, ќе му биде зададен удар во трговијата со нафта, која е значаен финансиски извор на Иран, а ќе биде ограничена и трговијата со производи од автомобилската индустрија за резервни делови.
Споменатото ембарго ќе се одрази и врз трети земји. САД претходно најавија дека се повлекуваат од Нуклеарната програма и дека ќе воведат санкции кон Иран, но во исто време ќе им бидат воведени санкции и на земјите кои ќе ја продолжат трговијата со Иран.
Министерството за трезор на САД претходно соопшти дека првиот пакет санкции кон Иран ќе стапи во сила на 6 август, а вториот на 4 ноември.