Cüneyt Karadağ,Bahattin Gönültaş
13 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
БЕРЛИН
Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин, соопшти дека неговата земја ќе го зголеми своето воено присуство во Германија со уште околу 500 дополнителни војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Остин, во рамките на првата официјална посета на Германија, во Берлин се состана со неговата германска колешка Анегрет Крамп-Каренбауер, а по средбата одржаа заедничка прес-конференција.
Американскиот министер нагласи дека ставиле крај на планот за повлекување на нивните трупи од оваа земја.
„Среќен сум што денес соопштувам дека ќе го зголемиме военото присуство на САД во Германија“, рече Остин.
„Во Германија ќе бидат испратени околу 500 дополнителни војници“, додаде тој.
Според него, овие дополнителни војници ќе ги зголемат способностите на сојузниците на НАТО во кибервојната, а тоа исто така ќе ја зајакне одбраната и одвраќањето во Европа.
Од друга страна, германската министерка за одбрана, Крамп-Каренбауер, ја поздрави оваа одлука на САД и рече дека тоа е знак на силната солидарност.
Таа нагласи дека ќе направат сè за американските војници што ќе дојдат заедно со нивните семејства да се чувствуваат како дома во Германија.