Cansu Dikme
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
МОГАДИШУ (AA) - Најмалку 20 лица загинааа, а повеќе од 18 други лица се ранети кога камион полн со експлозив експлодираше на најпрометната раскрсница во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицаецот Али Мохмаед кој беше на местото на настанот за АА потврди дека нападот се случи вечерва во попладневните часови, истакнувајќи: „Експлозијата предизвика масовно уништување на зградите, вклучувајќи ги и продавниците, рестораните и хотелите, а цивилните возила беа во пламен."
Тој го опиша самоубиствениот напад со камион како најголем, најкрвав напад во поновата историја на Сомалија.
Омар Ибрахим (25), возач и очевидец, изјави за АА дека на местото на настанот видел дека е причинета гоема штета, како и мртви тела кои лежеа околу местото на експлозијата.
Локалните медиуми јавија дека бројката на загинати се зголемила на 50 лица, но таа бројка сеуште не е потврдена.
Засега, ниту една група не презеде одговорност за нападот, но бунтовничката група Ал Шабаб, тврдеше дека стои зад неодамнешните напади во Сомалија.
- Турција го осуди нападот во Сомалија
„Силно го осудуваме терористичкиот напад што се случи во Могадишу, главниот град на Сомалија, со возило-бомба што предизвика бројни цивилни жртви и повредени", се вели во писменото соопштение на турското Министерство за надворешни работи.
„Турција ја искажува својата силна солидарност со Владата и со народот на Сомалија, во врска со наведениот терористички напад што се случи во период во кој е постигнат значителен напредок со цел да се обезбеди стабилност во Сомалија", се додава во соопштението.
Нападот во Сомалија го осуди и Организацијата за исламската соработка (ОИС).
Во писмена изјава, генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка, д-р Јусеф бин Ахмад Ал-Отаимен изрази жалење поради сите оние кои ги загубија животите во нападот, за кој наведе дека е ротив безбедноста и стабилноста на регионот.
Во изјавата се додава дека ОИС ја поддржува сомалиската влада во градењето на мирот, стабилноста и развојот во земјата.