Ekip
15 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
МОГАДИШУ
Дваесет војници го загубија својот живот во самоубиствениот напад извршен во центарот за воена обука во Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абдифатах Хасан, полициски службеник, во изјава за АА истакна дека нападот бил извршен во утринските часови во воениот центар „Генерал Дагабадан“, што се наоѓа во подрачјето на Вадаџир во сомалискиот главен град Могадишу.
Според вестите на локалните медиуми, како резултат на активирањето на бомбата што ја носело едно лице, кое се наоѓало меѓу војниците во текот на обуката, загинале најмалку 20 војници, додека голем број војници се повредени.
Одговорноста за нападот во центарот за воена обука ја презеде терористичката организација „Еш Шебаб“, која тврди дека во нападот загинале најмалку 40 војници.