AP
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
ЊУ ДЕЛХИ (АА ) - Светската банка одобри финансиски средства во износ од 1,5 милијарди долари за санитарната програмата која ќе ја спроведе Индија, каде што милиони граѓани немаат пристап до тоалети, јавува Anadolu Agency (АА).
Директорот на Светската банка за Индија Оно Рух рече дека повеќе од 500 милиони Индијци низ целата земја немаат пристап до тоалети, и покрај напорите со децении од страна на надлежните.
"Една од десет смртни случаи во Индија се поврзани со недостатоци на санитарни услови поврзани со канализацијата", рече Рух.
Во соопштението на Светската банка се вели дека кредитот ќе биде исплатен во рок од пет години а ќе биде искористени за поддршка на напорите на владата да им обезбеди тоалети, особено во руралните средини со цел успешно да се реализира проектот до крајот на 2019 година.