Ekip
01 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
СУРАБАЈА (АА) – Денес се одбележува Светскиот ден за борба против СИДА-та, а по тој повод ширум светот се одржуваат пригодни програми и манифестации со порака за солидарност со жртвите на оваа тешка болест и јакнење на свеста, опасностите и ризиците од ширењето на ХИВ вирусот, јавува Anadolu Agency (АА).
По тој повод во Индонезија се собраа студентите и со палење свеќи изразија солидарност со жртвите на оваа тешка болест.
Според податоците на Програмата на Обединетиоте нации за борба против ширењето на ХИВ вирусот (UNAIDS), моментално на тераписко лечење се подложени 15,8 милиони луѓе заразени со ХИВ вирусот.
Секоја година, 1-ви декември во светот се одбележува како Светски ден на борба против СИДА-та, со цел подигање на свеста и укажување на ризиците на зараза, на мерките за заштита, важноста од превенција, правовремено дијагностицирање и лечење, потоа на потребата од солидарност со заболените, намалување на стигмата и дискриминаците на кои се често изложени.