Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu,Adham Kako
11 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ИДЛИБ
Во новиот воздушен напад на силите на претседателот на Сирија, Башар ал Асад, во Идлиб загинаа најмалку 17 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу загинатите има и деца. Силите на Асад од утринските часови изведуваат напади врз населбите во Идлиб, кој е прогласен за зона на деескалации
Според податоците на Цивилната заштита, воени авиони извршиле напади врз подрачјата на селото Нејреб.
Цивилната заштита потврди дека има голем број ранети и изрази загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.
Примирјето во сириски Идлиб настапува на полноќ на 12 јануари. За оваа одлука се согласија Република Турција и Руската Федерација. Одлучено е да запрат воздушните и копнените напади во зоната за деескалација во Идлиб, со цел да се спречат човечки жртви, нови миграции и да се воведе прекин на огнот, со цел да се придонесе во нормализирањето на животот.
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.
Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за 4 деескалациски зони во Идлиб и соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.
Русија, режимот, како и терористите поддржани од Иран кои изведуваат напади во деескалациската зона во Идлиб, само од почетокот на 2019 година досега се причина за раселувањето на околу 1 милион и 300 илјади цивили кон местата во близина на границата со Турција. Најмалку 20.000 цивили само изминатите два дена избегаа од внатрешноста на сириската провинција Идлиб кон сириско-турската граница.
Над 1.600 цивили загинаа како резултат на бомбардирањата.