Mohamed Dhaysane
23 Септември 2023•Ажурирај: 24 Септември 2023
МОГАДИШУ (АА) - Се стравува дека повеќе лица настрадаа во силната експлозија на автомобил-бомба во градот Беледвејн во Сомалија, известува Анадолу.
Локалниот службеник за безбедност, Абдирахман Хасан Ибрахим, во телефонска изјава за Анадолу рече дека бројката на загинати не е позната.
„Екплозијата беше огромна и можеше да се чуе далеку од градот. Не знаеме колку лица загинаа или се повредени, но очекуваме поголем број на загинати“, рече Ибрахим.
Снимките изработени по настанот покажуваат огромна штета на местото на експлозијата.
Беледвејн е главен град на сомалиската централна провинција Хиран, која беше средиште на бунтот против терористичката група Ал Шабаб.
Иако ниту една група сѐ уште не ја презеде одговорноста за нападот, а поранешниот претседател на Сомалија, Мохамед Абди Вер, сугерира дека зад нападот стојат терористите на Ал Шабаб.
„Ова се постапки на една одвратна и гнасна група во нејзините последни денови. Ние тоа најостро го осудуваме“, рече Абди Вер на социјалната мрежа Х.