Kaamil Ahmed
17 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот суд денес осуди седум палестински момчиња на затворска казна поради фрлање камења, јавува Anadolu Agency (AA).
Момчња на возраст од 14 до 17 години се казнети со затворски казни во траење од една до три години поради фрлање камења на автомобили на Израелци, се соопштува од палестинската група за заштита на правата на затворениците "Addameer".
Според податоците на оваа група, најмалку 406 палестински деца се наоѓаат во израелските затвори. Од нив, четвртина се деца под 16 години.
Израел, истакнува "Addameer", годишно процесуира околу 700 палестински деца само поради фрлање камења врз своите државјани.