Riyaz Khaliq Khaliq
16 Јуни 2026•Ажурирано: 16 Јуни 2026
Силен земјотрес денес го погоди северозападниот дел на Кина, јавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени ја погоди префектурата Хаиси во провинцијата Ќингхај во 17:06 часот по локално време, соопшти Кинескиот центар за следење на земјотреси, објави новинската агенција Синхуа.
Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во близина на Дунхуанг во соседната провинција Гансу, која граничи со Ќингхај.
До моментот на објавување на веста нема известувања за предизвикана штета или жртви.