Enes Canlı
12 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ТРИПОЛИ (AA) - Силите лојални на сепаратистичкиот лидер на истокот на Либија Калифа Хафтар го прифатија повикот на Турција и Русија за прекин на огнот во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин, на 7 јануари ги повикаа завојуваните сили во Либија од 12 јануари да запрат со непријателствата и да покренат политички дијалог.
Како што дознава новинарот на АА, силите лојални на Хафтар го прифатија повикот на лидерите на Турција и Русија за прекин на огнот кој настапува вечерва точно во 00:00 часот по локално време, односно 23:00 часот по средноевропско време.
Гласноговорникот на силите лојални на Хафтар, Ахмед ал Мисмари, потврди во видеопорака дека го прифатија повикот за прекин на огнот во операциите на западот на земјата. Во случај другата страна да го наруши овој договор, Мисмари порача дека на тоа жестоко ќе одговори.